Кипарската централна банка соопшти дека нема ограничувања за трансакциите со дебитни и кредитни картички што се вршат во земјата.
Банката соопшти дека има лимит од 5.000 евра за трансакциите со кредитни и дебитни картички во странство, но нема такви ограничувања врз внатрешните трансакции и парични трансфери.
Банките во Кипар ги отворија вратите првпат вчера по речиси двонеделен прекин на работата, но при повеќе ограничувања врз движењето на капиталот.
Кипар успеа во понеделникот да издејствува десет милијарди евра финансиска помош од ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), чија цел е да не се дозволи пад на банкарскиот сектор, кој долго доминираше во економијата на островската држава.