Градоначалникот Панов најави нови проекти во Кавадарци

Од:

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски попладнево во центарот на Кавадарци имаше средба со граѓани и заедно со кавадаречкиот градоначалник Александар Панов со нив разговараше за планираните проекти во општината.

Беа посочени отворање трета индустриска зона, доградба на плоштадот и изградба на подземен коридор под плоштадот, како и изградба на нова автобуска станица.

Градоначалникот Панов, кој е во трка за нов мандат во вториот круг локални избори, посочи на реализираните проекти – асфалтиран патот од Кавадарци до село Ресава, почната изградба на патот до месноста Мушов Гроб, реконструирани повеќе училишта во општината. Панов најави и изградба на патот од село Ресава до село Бегниште.

Премиерот Груевски, градоначалникот Панов и министерот Панче Кралев денеска во кавадаречкото основно училиште „Димката Ангелов-Габерот“ свечено пуштија во употреба спортска сала, која е дел од проектот на Владата и Министерството за образование и наука за изградба и опремување на 145 училишни спортски сали.

Би можело да ве интересира

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Отворени се над 6.500 избирачки места на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

ЦИК на Грузија: Претседателските избори се сметаат за валидни

Горан Наумовски

Познати кандидатите на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

Романците пред нов историски „референдум“

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ