Француската полиција притвори 58-годишен маж кој што 30 години илегално работел како архитект, а изградил неколку училишта и една болница.
Лажниот архитект е уапсен во Манд ла Жолиј, во близина на Париз, додека надгледувал изградба на една куќа.
Чудните одлуки на овој градител, го поттикнале сопствениот на куќата да се распраша во Комората за архитекти.
Констатирајќи дека го нема во ниту еден регистар, случајот го пријавил во полиција.
Според полицијата измамникот признал дека лажно се претставувал како архитект од 1983 година.
Елена Георгиевска