Медиумите денес под називот „сензационално“ пренесоа резултати од истражувачкиот тим на научници, според кои открија вирус од пилешко, кој може да излечи рак.
Станува збор за вирус од соја Newcastle (NDV), кој што ги напаѓа домашни животни. Животните ги убива, но при експеримент со заболени глувци ги уништи клетките канцер.
Професорот Хрвоје Мазија вирусот го изолираше уште во 1999 година. Утврдено е дека за краток рок тој ги уништива канцерогените клетки. За две недели од него можат да се произведат вакцина против рак.
Далечната 1999 година, професорот Мазија од Ветеринарниот факултет во Загреб, од белите дробови на мртви пилиња го изолира новиот вирус. Во понатамошните истражувања се покажа дека вирусот може да прерасне во лек.
На професорот му се приклучиле уште неколку експерти кои што дошле до откритие дека со вакцината ќе се спасат голем број животи.
Вирусот кој што професорот го издвои е наречен ЗГ1999ХДС, а пред тоа го носеше името Фрка.
Сега вирусот е патентиран и заштитен, а не смее да го користи никој освен тимот научници.
Елена Георгиевска