Силите на сириската Влада во Идлиб напаѓаат само терористи, не и цивили, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, по тврдењата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека владините сили нападнале цивили.
Песков истакна дека акциите на сириските сили се насочени кон неутрализација на терористите и нивните агресивни активности.
Тој додаде дека Турција не се придржува до договорот со Москва за неутрализирање на милитантната група во предградие на сирискиот град Идлиб и дека нападите на тие групи на сириските и руските сили продолжуваат.
Песков изјави дека Москва се уште е посветена на договорите кои ги постигна со Анкара, но нападите во Идлиб ги смета за неприфатливи и се спротивни на договорите.
Ердоган изјави денеска дека најмалку 14 војници се загинати во два ракетни напади во Идлиб.