Лепиткова: Успешно се реализира проектот за управување со речниот слив на Брегалница

Од:

Проектот за управување со речниот слив на реката Брегалница има за цел спроведување на законот за води во Република Македонија и тој се реализира во 14 општини од Источна Македонија, вклучувајќи ја и општината Конче, истакна државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Соња Лепиткова при денешната посета на Кочани.

Проектот е финансиран од Швајцарската влада во вкупна вредност од 40 милиони франци, а во него се вклучени и Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и општините од регионот на Брегалница.

Проектот има интегриран пристап и вклучува различни сектори: индустрија, земјоделство, водостопанство, хидроенергија, водоснабдување и пречистување на отпадните води, туризам, животна средина.

Според градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски, проектот е од особена важност бидејќи со него ќе се реши проблемот со раздвојување на атмосферските и фекалните води, со прифаќање на шесте колектори од општина Кочани во пречистителна станица.

– За таа цел седиштето на овој проект е во Кочани и него го реализира тим експерти од Швајцарската влада, Министерството за животна средина и просторно планирање и од општината Кочани, појасни Димитровски.

Би можело да ве интересира

Во реката Брегалница е пронајдено тело на маж по кого се трагаше

Маневски премина од „Брегалница“ во „Шкендија“

А1он

Намален водостојот на Брегалница, нема опасност од поплави во штипскиот регион

ПМФЛ: Шкупи пресилен за Брегалница

А1он

Компанијата Млечна Индустрија ги отфрла обвинувањата за наводно труење на риби во река Брегалница во Делчево

Ана Ололовска

Се чекаат резултатите од земените мостри од Брегалница по истекувањето на хемикалијата

А1он