Премиерот Спасовски бара разрешување на Мизрахи

Од:

Премиерот Оливер Спасовски бара разрешување на министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.

-Премиерот и Владата имаат обврска да обезбедат заштита на Уставот на Република Северна Македонија. Имајќи предвид дека министерката Мизрахи свесно и намерно го крши Уставот и со тоа ја загрозува евроатланската иднина на земјата, премиерот до Собранието достави предлог за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Мизрахи, информираат од Владата.

Предлогот на Спасовски, за разрешување на Рашела Мизрахи од позицијата минситер за труд и социјална политика стигна во Собранието. Тој се повикува на членот 94 од Уставот, во кој стои „Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата. За предлогот за разрешување на член на Владата одлучува Собранието на првата наредна седница“.

„Јас не ја игнорирам реалноста, но нема да дозволам создавање на нова реалност. Демократско право, но и морална обврска на секој граѓанин е кога ќе види неправда и да реагира по истата. Таблата е наследена и не постои стара и нова табла. Постои само една табла во Министерството за труд и социјална политика. Во меѓувреме треба да и заблагодариме на вицепремиерката за економски прашања, заради тоа што не ја сменила таблата и со тоа длабоко во себе препознава дека ова е Република Македонија и ова е македонски народ“, изјави пред три дена министерката Рашела Мизрахи за таблата во Министерството за труд и социјална политика.

Ваквата реакција следеше откако министерот за надворешни работи Никола Димитров му сугерираше на премиерот во техничката Влада, Оливер Спасовски да предложи до Собранието разрешување на техничката министерска за труд и социјална работа, Рашела Мизрахи, по отстранувањето на таблата со уставното име на институцијата.

„Доколку министерката Мизрахи веднаш своето делување не го врати на линија и во рамките на Уставот, му сугерирам на претседателот на Владата, Оливер Спасовски, да предложи нејзино разрешување до Собранието. Укажувам дека во нејзиното делување има и елементи што можат да повлечат кривична одговорност по член 353 и член 390 од Кривичниот законик, но тоа е веќе работа во деолкруг на други државни органи“, рече министерот Димитров.

Мизрахи вчера кажа дека нема намера да ја менува таблата со името Република Македонија, па дури и е подготовена да плати казна.

„Ќе платам казна од 5.000 евра, но таблата со Република Македонија не ја менувам. Немам намера да ставам банер со Република Северна Македонија“, рече Мизрахи.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада