Пендаровски: Се менуваа влади, имавме политичка криза, но НАТО остана наша стратешка цел

Од:

Обврската на ова генерација да го доврши овој процес кој е наша заложба, што уште пред 27 години беше донесена како стратешка одлука, рече претседателот на државата во своето обраќање на седницата за ратификација за протоколот за членство во НАТО.

„Се менуваа составите на парламентот, се менуваа влади, поминавме низ воен конфликт, поминавме низ тешка политичка криза, но нашите стратешки ориентации за членство во НАТО и ЕУ, останаа наш најважен национален приоритет”, рече Пендаровски.

Тој рече дека членството во НАТО немаше да биде возможно доколку не беа решени долгогодишните спорови со соседите и како што рече ги кренале ѕидовите кои со години биле пречка за државата.

” Новата политика кон соседите и цврстата заложба за решавање на споровите се темелот на остварувањето на нашите стратешки цели. Компромисите кои ги направивме не беа ниту едноставни, ниту лесни.

Но, факт е дека решавањето на спорот со името со Грција и договорот за добрососедство со Бугарија, се клучните одлуки кои не донесоа до целта”, рече Пендаровски.

Тој рече дека како полноправна членка државата ќе има подеднаква одговорност како останатите да се справуваме со сите предизвици и ризици.

Спомена дека треба рамо до рамо со другите членки, земјата да вложува во реформите во армијата при што земјата ќе има задача да издвојува до 2%од буџетот за оваа цел.

Изрази благодарност до сите генерални секретари на Нато почнувајќи од Солана во 1999 кога земјата доби статус змја кандидат, до Столтенберг кои се заложија за полноправно членство во Алијансата.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Русија нема да дозволи присуство на сили на НАТО во Украина

Горан Наумовски

НАТО можеби нема да може да го исполни ветувањето од 140 милијарди евра за Украина

Поранешен украински премиер: НАТО никогаш нема да го прими Киев во Алијансата

А1он

Дигитален ѕид на НАТО се појави по должината на руската граница

Захарова: НАТО продолжува со милитаризацијата на Европа и подготовките за конфликт со Русија

Иран ги обвинува НАТО и европските земји за соучество во нападите меѓу САД и Израел