Кабинет на Царовска: ЕСС работеше согласно Деловник

Од:

Работата на Економско социјалниот совет (ЕСС) е согласно Деловник за работа на Советот, и во изминатиот период седниците се закажувани и одржувани соглано тој Деловник.

Ова може да се потврди од записниците кои се водат за секоја седница, а кои се доставувани до сите членови на ЕСС, се вели во реакцијата од кабинетот на вицепремиерката Мила Царовска, поранешна министерка за труд и социјална политика, на обвинувањата дека кога претседавала со Советот тој работел спротивно на деловникот.

Во реакцијата се додава дека на седниците кога немало кворум не се носени заклучоци, туку оти само било расправано за точките.

Ова може да се потврди и од записникот од 36-тата седница која е одржана на 18 јули 2017 година, се вели во реакцијата.

Во неа потсетуваат дека треба да се знае оти Економско социјалниот совет е советодавно трипартитно тело формирано од Владата и социјалните партнери за што е потпишана Спогодба на 25 август 2010 година.

За својата работа ЕСС има донесено Деловник за работа.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните