Градоначалникот Талески продолжува со средби со битолчани пред вториот круг гласање

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Битола од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Талески денеска продолжи со континуираните средби со граѓаните.

На средбата со новинарите актуелниот градоначалник на општина Битола потсети на досегашните инвестиции во селата Олевени и Велушина, како и инфраструктурните зафати во населбата „Буковски Ливади“.

– Во селото Олевени за изградба на патот вложивме 2,5 милиони денари, а за патот до Велушина вложивме повеќе од 5 милиони денари. Деновиве ќе почнеме со асфалтирање и на патот кон селата Кишава и Граешница со што вкупните инвестиции во овој дел на општината изнесува околу 12 милиони денари. На овој начин ја подобруваме патната мрежа и комуникација на жителите кои живеат во овие погранични населени места, посочи Талески.

За време на посетата во населбата „Буковски Ливади“ кандидатот за градоначалник Владимир Талески ја промовираше новоизградената пешачка патека во должина од 500 метри, ново осветлување на улиците во тој дел на градот, а со подобрувањето на временските услови најави комунални интервенции во непосредна околина на Влашки Гробишта.

Би можело да ве интересира

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски