Жалбата на Канада за украинскиот патнички авион, што по грешка беше соборен од иранската Револуционерна гарда во јануари, нема правна основа, изјави иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф.
Зариф истакна дека потезите на Иран се темелат на меѓународното права.
Иран го отфрли барањето на канадскиот премиер Џастин Трудо да се испрати црната кутија од авионот на декодирање.
Во авионот што беше соборен, од 176 загинати патници, 57 беа канадски државјани.
Адвокатите на Канада кои го тужеа Иран бараат оштета во име на државата од најмалку 1,1 милијарда долари.