(ВИДЕО) Жерновски: Несериозно меѓу првиот и вториот круг Тодоровиќ да ми ја препишува програмата за паркинзите

Од:

Најголем проблем во Центар е паркирањето. Хаосот, вели кандидатот за градоначалник на „Сојузот за иднината“ се зголемува.

Праша колку пари се собрани од граѓаните преку паркирањето на скапите паркинзи.

„На првата седница на новиот Совет, ќе донесеме одлука, секој граѓанин на Центар да има право на бесплатен паркинг каде сака во опшштината. Ќе се зголемат и прошират паркинзите“, рече Жерновски.

Тодоровиќ, рече, сега зборува за бесплатно паркирање, во неговата програма тоа го нема

„Навистина е несериозно меѓу првиот и вториот изборен круг да ми ја препишува програмата“, рече Жерновски.

Посочи дека претходно го нападнале ВМРО-ДПМНЕ дека немал концепт за паркирањето.

Го презентираше и документот потпишан од Владимир Здравев, поранешниот претседател на Советот на општина Центар, со кој се задолжува градоначалникот на Центар да ја разгледа можноста за припојување на ЈП за Јавни паркиралишта „Паркинзи“ на општина Центар со ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“