Американскиот јавен правобранител Вилијам Бар соопшти во јавноста дека Одделот за правда има отворени врати за информациите поврзани со фамилијата на Бајден околу Украина.
„Одделот има облигација да ја отвори вратата за секој што има некакви информации да сподели, а смета дека ќе бидат релевантни за нас“, кажа Бар.
Тој нагласи во јавноста дека со информациите треба разумно да се постапува и истите да бидат верификувани пред да се соопштат.
Минатата година актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп се обиде да изврши притисок врз украинската влада за да покрене истрага за фамилијата на поранешниот потпретседател Бајден, но тоа властите од Украина го одбија по што следуваа санкции за земјата.