СДСМ: Не успеа мисијата на Мицкоски да го одбрани криминалот на својот шеф Груевски, со Законот за ЈО нема скриена амнестија

Од:

„Извршителот на Никола Груевски, Христијан Мицкоски не успеа да го реализира налогот на својот шеф од Будимпешта.

И покрај сите блокади, кочења, противења, извршителот Мицкоски не успеа во својата мисија да го одбрани криминалот.

Законот за Јавно обвинителство важен за правната држава, важен за европската иднина, влезе во собраниска процедура.

Со него нема скриена амнестија за криминалот на режимот, има одговорност за сите“, велат од СДСМ.

„Законот за Јавно обвинителство значи правна разрешница за сите судски случаи во кои обвинети се поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ, а меѓу нив и Никола Груевски, шефот на извршителот Мицкоски.

Пратениците во Собранието треба да се стават на страната на правдата, на страната на сигурната иднина и да гласаат за ова законско решение, да се постигне потребното мнозинство во Собранието.

Да го потврдиме европскиот пат на нашата земја и заедно да ја потврдиме нашата стратешка определба за обезбедување правна држава“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски