ВИДЕО: Нова спортска сала во Сарај

Од:

Градоначалникот Петре Шилегов денеска присуствуваше и се обрати на свеченото пуштање во употреба спортската сала на средното училиште на Град Скопје „Сарај“.

Ми претставува чест и задоволство денеска да присуствувам на пуштањето во употреба на оваа спортска сала, нешто што ни недостигаше во рамките на ова градско средно училиште, сала којашто ја изградивме заедно во рекордно кратко време за една година.

Оваа сала е доказ за она што постојано го говорам дека ако работиме сите заедно, ако имаме квалитетна меѓу институционална соработка, ако имаме поддршка едни со други, успехот е неминовен- рече Шилегов.

Ова е првата сала во град Скопје во којашто вонредно вложивме средства, во којашто има и спортски семафори и е опремена да организира и квалитетни државни спортски натпревари, со цел Сарај како општина да го внесеме на едно повисоко ниво во квалитетот на живеење во нашиот град -кажа Шилегов.

Би можело да ве интересира

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје