Пет полицајци уапсени во Словенија – земале мито за лажни печати во пасош

Од:

Полицијата во Марибор уапси пет полицајци под сомнеж дека се дел од криминална група, која за да им овозможи престој во Словенија на странци, лажно им ставала печати во пасошите.

На тој начин на странските државјани им бил овозможен престој во државата подол од максимално дозволените 90 дена, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Полицијата соопшти дека извршила претрес во повеќе објекти при што се најдени и запленети повеќе пасоши и околу 90 000 евра, за кој се симневаат дека се добиени од криминалните активности.

Пасошите на полицајците им ги доставувале посебни курири по што овие ги ставале лажните печати, а лицата кои плаќале за услугите можеле подолго да останат во Шенген зоната.

Според надлежните ваквите прекршоци треба да станат минато за две години, кога ќе се воведе сосема автоматизирана контрола за влез и излез од Словенија и Шенген зоната.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг