А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Џафери: 16 февруари последен датум за распуштање на Парламентот

by А1он10/02/2020 - 14:53307
Share0

Претседателот на Парламентот Талат Џафери се обратил до Државната изборна комисија да се изјаснат кој е оптималниот рок за распуштање на Парламентот за да се испочитуваат сите постапки и рокови за одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април.

Добивај вести на вибер

Одговорот од ДИК, според Џафери, бил дека тоа треба да биде на 55 дена пред изборите што значи дека Парламентот би можел да се распушти најдоцна до 16 февруари.

Ова денеска го изјави претседателот на Собранието Џафери на заедничката прес-конференција со претседателот на словенечкиот Парламент, Дејан Жидан, посочувајќи исто така дека денеска како пратеник до Собранието доставил нова Предлог-одлука за распуштање на Парламентот.

-Нивниот одговор е оптималниот рок е 55 дена пред денот на гласање што значи денот на гласањето треба да биде 56-иот ден, рече Џафери.

Во однос на Законот за јавно обвинителство Џафери кажа дека овој закон и законот за Советот за јавни обвинители се ставени на дневен ред на седница закажана за 17 часот.

Во врска со информациите дека ДУИ, Беса и Алијанса на Албанците нема да го поддржат законот бидејќи е различна верзија од она што е договорено, Џафери рече дека како претседател на Собранието нема право на влијание врз материјалниот дел на законот. Според него, политичките партии треба да ги објаснат своите несогласувања и до 17 часот сите имаат можност да направат корекции.

izbori 2020sobranie

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен