Портпаролката на Стејт департментот Викторија Нуланд изјави дека руските власти, се чини, тргнале во „лов на вештерки“ против невладините организации што го нарушува движењето на Русија кон демократија.
Вашингтон е загрижен заради бранот инспекции „без преседан“, во повеќе од 100 руски невладини и меѓународни организации истакна Нуланд.
-Тие инспекции, се чини, имаат за цел да ги поткопаат многу важните активности на граѓанското општество ширум земјата, рече Нуланд пред новинарите.
-Размерите на овие инспекции… не загрижуваат и не наведуваат на тоа дека станува збор за лов на вештерки, истакна портпаролката на Стејт департментот, истакнувајќи дека се претресувани и верски и образовни организации што се изземени од новиот построг закон за финансирање на НВО-ата.
Според овој закон, НВО кое добива пари од странство, а извршува политичка активност, мора да ја истакне ознаката „странски агент“.
Европската унија и САД овие акции ги нарекоа „загрижувачки“, додека Германија предупреди дека тие би можеле да придонесат за влошување на односот меѓу Берлин и Москва.
-Таквите закони се многу рестриктивни, наведе Нуланд и додала дека тие лошо влијаат врз граѓанското општество, што руската демократија ја води во погрешен правец.
Рускиот претседател Владимир Пуртин вчера изјави дека државните контроли врз невладините организации се рутински.