Оланд: Политиките на строги мерки за штедење може да доведат до распад на еврозоната

Од:

Политиките на строги мерки за штедење што се применуваат во некои земји од еврозоната, содржат ризик што може да доведе до распад на Европската монетрана унија, предупреди францускиот претседател Франсоа Оланд.

– Моја должност денес е да им укажам на европските лидери дека бескрајното продожување на политиките на строги мерки за штедење содржат ризик што може да доведе не до намалување на дефицитот, туку до намалување на популарноста на владите кои во еден момент ќе станат лесна жртва за популистите, нагласи Оланд во интервју за државната телевизија Франс 2.

Како пример за ваквото свое тврдење Оланд ги посочи Грција и Италија, каде на последните парламентарни избори беше забележан значителен пораст на популарноста ма популистичките и екстремистичките партии, кои се главни критичари на мерките за штедење.

Оланд во интервјуто се осврна и на неговиот нов предлог за воведување на данок од 75 проценти за лицата чии годишни приходи се поголеми од еден милион евра, откако Уставниот суд го поништи неговиот претходен закон за „супер данок“ за лицата со големи примања.

– Префрлањето на товарот на даноците на компаниите би било начин преку кој најбогатите Французи ќе бидат натерани да помонат за надминување на кризата, рече Оланд, додавајќи дека просечните француски домаќинства нема да бодат оптоварени со нови давачки во текот на оваа и следната година.

Оланд во интервјуто се осврна и на случувањата во Сирија, нагласувајќи дека Франција нема да доставува оржује во оваа земја се додека „не биде сигурна дека тоа ќе биде употребувано од членовите на легитимната опозиција“. – Во овој момент немаме таква гаранција, потенцира Оланд.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт