СДСМ: Не само што крши Устав, Мизрахи дрско лаже, таа е олицетворение на груевизмот и работи против ЕУ и НАТО

Од:

„Послушничката на Христијан Мицкоски и кадарот на Груевски Рашела Мизрахи не само што го крши Уставот и го загрозува членството во НАТО и ЕУ туку и дрско лаже.

Лага е дека немало нова табла како што лаже Мизрахи. До доаѓањето на Мизрахи во Министерството се почитуваа уставот, законите и уставното име на државата.

Мизрахи по налог на Мицкоски и Груевски го прекршува Уставот, го загрозува членството во НАТО и ЕУ ризикува враќање на кавгите со соседите и нови блокади“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на Рашела Мизрахи.

„Тоа е враќањето назад за кое зборува Мицкоски, извршителот на Никола Груевски.

Целта на извршителот Мицкоски е да се вратиме во изолација, во режим, да бидеме надовр од НАТО и ЕУ.

Мандатот на Мизрахи во преодната Влада е да внимава да нема злоупотреби во нејзиниот ресор со цел да се одржат фер, слободни и демократски избори, а не е да исполнува агенди и нарачки на Мицкоски и Груевски кои се насочени против ЕУ и НАТО.

Затоа на 12 април уште еднаш ќе бидат казнети, а нивните погубни политики ќе бидат поразени“, реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски