Приведени четири лица осомничени за поткуп при избори и гласање

Од:

СВР Тетово со судска наредба вчера изврши претрес во нотарска канцеларија сопственост на М.И. (63), лоцирана на улица „Илинденска“ во Тетово, при што со потврда бил одземен нотарски записник за заверки и 175 заверени изјави од граѓани за зачленување во Партијата за демократски просперитет со седиште во Тетово.

МВР денеска соопшти дека претресот е направен на барање на Основното јавно обвинителство Тетово за собирање информации по „допрен глас“ за давање поткуп на поголем број граѓани за да гласаат за еден од кандидатите за градоначаник на општина Тетово.

– Приведени и задржани се четири лица од Тетово А.М. (40) од кого се одземени 16 банкноти по 10 евра, А.К.(28) кај кого се пронајдени и одземени четири банкноти по 10 евра, Н.Т. (32) и В.Х. (28), во чие возило се пронајдени 14.060 евра, односно 653 банкноти од по 20 евра и пет банкноти по 200 евра. Покрај четворицата приведени повикан е и Ќ.Л.(77) од Тетово, разговарано е со него, по што е пуштен, како и нотарот М.И., се вели во соопштението на МВР.

СВР Тетово превзема мерки и активности за целосно расчистување на сите поединости околу случајот, а против четворицата приведени и задржани, кои се сомничат за „поткуп при избори и гласање“, ќе биде поднесен пПосебен извештај.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец