Еден од двајцата сниматели на „Медена земја“, Самир Љума, на социјалните мрежи објави видео од Атиџе Муратова, каде таа се става автограм на постер од филмот. Снимката стана вирална и ги придоби симпатиите на публиката. Освен неа, на постерот се потпишани и останатите членови на екипата, режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, снимателите Фејми Даут и Самир Љума, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев.
Atidze Muratova signing Honeyland poster AT #DocuDayLA pic.twitter.com/Pah7waStM7
— Samir Ljuma (@chkrap) February 8, 2020
„Како на пасош“, ѝ вели Љума на Атиџе.
Во театарот „Долби“ во Лос Анџелес ноќеска ќе бидат соопштени добитниците на Оскар за 2019 година во 24 категории, според гласањето на членовите на Американската филмска академија кое заврши во вторникот. „Медена земја“ е на чекор до Оскар во категориите документарец и интернационален филм.