Итна прес-конференција на министерот за здравство во Косово: Во Клиничкиот центар во Приштина е примено женско лице

Од:

Министерот за здравство во Косово, Арбен Витија одржа вонредна конференција за медиумите, по информациите дека во Клиничкиот центар во Приштина е примено лице кое има симптоми на коронавирусот.

Тој истакна дека станува збор за жена, но истакнува дека симптомите не укажуваат на коронавирус.

– Причината за конференцијата е овие информации да не предизвикаат паника. Станува збор за странски државјанин кој работи во Косово. Тоа лице престојувало во ски-центар со пет други лица. Имала лесна кашлица, но без присуство на треска и други симптоми, а ги алармирала надлежните и дошла на Клиниката за инфективни болести, рече Витија.

Тој истакна дека резултатите ќе бидат познати до 23 часот, но истакна дека најверојатно не станува збор за коронавирус.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија