Втор круг во 29 општини и во Градот Скопје

Од:

Одѕивот на гласачите во првиот круг од Локалните избори 2013 изнесува 66,98 отсто, според Државната изборна комисија врз основа на податоците од сите 2.976 избирачки места. Вкупно гласале 1.167.757 избирачи од вкупно 1.743.403 запишани во избирачкиот список. Важешки гласачки ливчиња на првиот круг од изборите се 1.127.399, а бројот на неважечки ливчиња 40.358.

ПРВ КРУГ

Аеродром – одѕив 67,63 проценти, Ивица Коневски кандидат на коалицијата „За подобра Македонија“ добил 25.814 гласови односно 60,14 проценти од вкупниот број гласови.

Босилово – одѕив 72,15 проценти, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Колев добил 4.422 гласа, односно 51,76 проценти од гласовите.

Боговиње – одѕив 46,88 Кандидатот на ДУИ Хазби Идризи освоил 6.039 гласови или 51,81 проценти од гласовите.

Василево – одѕив 73,91, кандидатот Ванчо Стојанов од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 4.482 или 61,14 проценти.

Валандово – одѕив 78,27. Николче Чурминовски од ВМРО-ДПМНЕ освоил 4.659 гласа или 51,09 отсто.

Вевчани – одѕив 85,40. Цветом Угриновски од ВМРО-ДПМНЕ освоил 1.124 гласа или 64,05 проценти од гласовите.

Виница – одѕив 65,37. Емил Дончев од ВМРО-ДПМНЕ освои 6.650 гласа, 59,81 отсто од гласовите.

Гази Баба – оѕдив 62,02. Тони Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ освои 21.231 глас односно 56,45 отсто од гласовите.

Гевгелија – одѕив 83,57. Кандидатот Иван Франгов од коалицијата „За подобра Македонија“ 8.722 или 53,82 отсто од гласовите.

Градско – одѕив 76,88, кандидатот Жанета Чушевска од коалицијата „За подобра Македонија“ 1.221 или 50,79 отсто од гласовите.

Дебар – одѕив 51,24. Ружди Љата од ДУИ победи со 6.056 гласа односно 69,79 отсто од гласовите.

Демир Капија – одѕив 85,11. Кандидатот Трајче Димитриев од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 1.933 или 66,68 отсто од гласовите.

Дојран – одѕив 83,28. Кандидатот Борче Стамов од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 1.278 или 55,66 отсто од гласовите.

Демир Хисар – одѕив 82,85. Љупчо Блажевски од ВМРО-ДПМНЕ со 3.411 или 55,49 отсто од гласовите.

Зелениково – одѕив 78,90. Канадидатот Веле Груевски од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 1.476 или 51,32 отсто од гласовите.

Зрновци – одѕив 68,87. Кандидатот Блаже Станков од ВМРО-ДПМНЕ со 1.076 или 59,68 отсто од гласовите.

Илинден – одѕив 73,32. Жика Стојановски од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 6.542 или 66,21 отсто од гласовите.

Желино – одѕив 45,24. Кандидатот за градоначалник на ДУИ Фатмир Изаири 4.985 гласа односно 52,09 отсто од гласовите.

Кисела Вода – одѕив 66,24. Билјана Беличанец Алексиќ со 20.419 односно 59,91 отсто од гласовите.

Кичево – одѕив 73,34. Фатмир Дехари од ДУИ 18.552 односно 52,62 отсто од гласовите.

Конче – одѕив 83,45. Благој Јанев од ВМРО-ДПМНЕ со 1.326 гласа односно 57,68 отсто од гласовите.

Кратово – одѕив 76,09. Мите Андоновски од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 3.910 односно 61,35 отсто од гласовите.

Крива Паланка – одѕив 80,28. Арсенчо Алексовски од ВМРО-ДПМНЕ со 6.992 односно 50,73 отсто од гласовите.

Кривогаштани – одѕив 80,95. Тони Затковски од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 2.115 гласа односно 57.09 отсто од гласовите.

Крушево – одѕив 78,56 проценти. Ѓорги Дамчевски од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 3.429 односно 54,22 отсто од гласовите.

Липково – одѕив 50,09. Садула Дураку од ДУИ освоил 6.073 или 50,90 отсто од гласовите.

Маврово – Ростуше – одѕив 43,11. Мукрем Мемеди од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 2.072, или 51,05 отсто од гласовите.

Македонска Каменица – одѕив 76,24. Дарко Митевски од коалицијата „За подобра Македонија“ 3.346 оддносно 65,58 осто од гласовите.

Македонски Брод – одѕив 83,14. Милосим Војневски од коалицијата „За подобра Македонија“ 2.831 односно 62,69 отсто од гласовите.

Неготино – одѕив 78,53. Ванчо Апостолов од коалицијата „За подобра Македонија“ добил 6.957 односно 55,57 отсто од гласовите.

Новаци – одѕив 76,41. Лазар Котевски од коалицијата „За подобра Македонија“ добил 1.837 односно 79,42 отсто од гласовите.

Ново Село – одѕив 59,71. Блажо Велковски од коалицијата „За подобра македонија“ добил 3.335 гласа односно 50,63 отсто од гласвоите.

Охрид – одѕив 72,49. Никола Бакрачески од коалицијата „За подобра Македонија“ добил 21.004 односно 57,17 отсто од гласовите.

Петровец – одѕив 74,72. Борче Митевски од коалицијата „За подобра Македонија“ добил 3.663 односно 68,07 отсто од гласовите.

Пехчево – одѕив 83,71. Игор Поповски од коалицијата „За подобра Македонија“ добил 2.319 односно 63,48 отсто од гласовите.

Пласница – одѕив 60,90. Исмаил Јаковски од ДУИ добил 1.585 однсоно 55,63 отсто од гласовите.

Прилеп – одѕив 78,11. Марјан Ристески од коалицијата „За подобра Македонија“ добил 28.632. односно 57,79 отсто од гласовите.

Пробиштип – одѕив 75,78. Тони Тоневски од коалицијата „За подобра Македонија“ добил 7.023 гласа односно 70,81 отсто од гласовите.

Радовиш – одѕив 73,17. Сашо Николов од коалицијата „За подобра Македонија“ добил 10.026 односно 58,22 отсто од гласовите.

Ранковце – одѕив 86,23. Момчило Алексовски од СДСМ добил 1.474 односно 54,98 отсто од гласовите.

Росоман – одѕив 85.06. Стојанче Лазов од коалицијата „За подобра Македонија“ добил 1.516 гласа односно 53,66 отсто од гласовите.

Сарај – одѕив 58,58. Беким Мурати од ДУИ добил 8.888 односно 53,34 отсто од гласовите.

Свети Николе – одѕив 80,80. Зоран Тасев од коалицијата „За подобра Македонија“ добил 7.363 односно 60,71 отсто од гласовите.

Сопиште – одѕив 76,70. Стефче Трпковски од коалицијата „За подобра македонија“ добил 1.923 односно 54,45 отсто од гласовите.

Струмица – одѕив 77,80. Зоран Заев од СДСМ добил 18.999 гласа односно 51,49 отсто од гласовите.

Чаир – одѕив 56,43. Изет Меџити од ДУИ добил 16.110 гласа односно 51,38 отсто од гласовите.

Чашка – одѕив 70,09. Горанчо Пановски од коалицијата „За подобра Македонија“ добил 2.400 гласа 60,18 отсто од гласовите.

Центар Жупа – одѕив 56,83 проценти. Аријан Ибраим од Демократска партија на Турците добил 1.844 односно 51,42 отсто од гласовите.

Чучер Сандево – одѕив 77,56. Јован Пејковски од група избирачи добил 3.333 гласа односно 61,55 отсто од гласовите.

Штип – одѕив 75,89. Илчо Захариев од коалицијата „За подобра Македонија“ добил 18.560 гласа односно 58,83 отстоод гласовите.

Шуто Оризари – одѕив 48,84. Елвис Бајрам од Сојузот на Ромите добил 6.067 гласа односно 57,81 отсто од гласовите.

ВТОР КРУГ

Скопје – одѕив 63,95. Коце Трајановски од коалицијата „За подобра Македонија“ добил 136.057 и Јани Макрадули од коалицијата „Сојузот за Македонија“ 79.751.

Арачиново – одѕив 61,97. Брахим Ајваз од ДУИ со 2.453 и Бастри Бајрами независен кандидат 1.944 гласа.

Берово – одѕив 81,96 проценти. Драги Наџински од ВМРО- ДПМНЕ со 4.438 гласа и Ѕвонко Пекевски од СДСМ со 4.422.

Богданци – одѕив 78,52 отсто. Анастасија Олумчева од ВМРО-ДПМНЕ со 2.342 и Зоран Прочков од СДСМ со 2.656.

Брвеница – одѕив 58,38 проценти. Енвер Бајазити од ДУИ со освоени 2.394 и Стојан Тодороски од ВМРО-ДПМНЕ со 2.899.

Битола – одѕив 70,05 проценти. Владимир Талески од ВМРО-ДПМНЕ освоил 27.985 и Менде Диневски од СДСМ 22.455.

Бутел – одѕив 63,28 проценти. Петре Латиновски од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 9.659 или 48,11 проценти, а Коста Начевски од Сојузот за иднината 4.674 или 23,11.

Велес – одѕив 71,01 проценти. Славчо Чадиев од коалицијата „За подобра Македонија“ со 15.110 или 46 проценти, а Аце Коцевски од „Сојузот за иднината“ 16.163 или 49,2 проценти.

Врапчиште – одѕив 50,33. Бајрам Кадриа од ДУИ освоил 4.236 и Исен Шабани од ДПА 3.844.

Гостивар – одѕив 52,42. Руфи Османи од НДП освоил 14.290 и Невзат Бејта од ДУИ 13.579.

Дебарца – одѕив 73,78. Игор Трајкоски од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 1.573 и Љупчо Којчиновски од „Сојузот за иднината“ 1.634.

Делчево – одѕив 74,53. Дарко Шехтански од ВМРО-ДПМНЕ добил 5.443 и Голубчо Ангелов од СДСМ 4.758.

Долнени – одѕив 71,20. Боше Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ освоил 2.188 и Абдула Бајрамовски од ДУИ 1.931.

Ѓорче Петров – одѕив 67,01 проценти. Сокол Митровски од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 11.316 гласа и Александар Наумовски од „Сојузот на иднината“ 10.720.

Јегуновце – одѕив 61,78. Дарко Блажевски од СДСМ освоил 2.165 и Тони Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ со 1.831.

Куманово – одѕив 62,88. Зоран Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ освоил 27.759 и Зоран Дамјановски од СДСМ со 19.320.

Карбинци – одѕив 83,12. Зоран Минов од ВМРО-ДПМНЕ со 1.002 и Ристе Бањеглав од СДСМ со 667.

Кочани – одѕив 71,73. Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ добил 11.295 гласа и Миле Андонов од СДСМ со 10.630.

Кавадарци – одѕив 76,34 проценти. Александар Панов од коалицијата „За подобра Македонија“ освоил 11.507 и Бетиан Китев од „Сојузот за иднината“ добил 6.752.

Карпош – одѕив 72,26 проценти. Стевчо Јакимовски од Српска напредна странка освоил 17.260 и Андреј Петров добил 9.674.

Лозово – одѕив 84,57. Орце Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ добил 613 гласа и Ацо Велковски од СДСМ добил 511.

Могила – одѕив 77,14. Стево Пивковски независен кандидат добил 1.774 и Славко Велевски од коалицијата „За подобра Македонија“ добил 1.715.

Старо Нагоричане – одѕив 74,32. Милован Стојковски од коалицијата “За подобра Македонија“ добил 1.117 и Власте Димковиќ од СНС 717.

Струга – одѕив 63,09. Владимир Кочовски од коалицијата за Струга добил 14.497 и Зиадин Села од ДПА добил 11.414 гласа.

Студеничани – одѕив 58,91. Фати Исени од ДУИ добил 3.567 и Азем Садику од ДПА добил 2.971.

Теарце – одѕив 52,02. Рухан Илази од ДПА добил 4.399 гласа и Исен Асани од ДУИ добил 4.387.

Тетово – одѕив 60,91. Теута Арифи од ДУИ добила 18.429 и Сади Беџети од ДПА 15.116.

Чешиново – Облешево – одѕив 80,15. Костадин Личков од коалицијата „За подобра Македонија“ 1.786 и Горанчо Крстев од коалицијата „Сојуз за иднината“ 1.298.

Центар – одѕив 67,09. Андреј Жерновски од коалицијата „Сојуз за иднината“ со 14.079 и Владимир Тодоровиќ од коалицијата „За подобра Македонија 12.606.

Ресен – одѕив 69,40. Ѓоко Стрезовски од коалицијата „За подобра Македонија“ добил 5.486 и Димитар Бузлевски независен кандидат 3.140.

Би можело да ве интересира

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

Единствена Русија прогласи победа на регионалните избори