Повеќе од сто Демократи во Конгресот го отфрлија мировниот план за Блискиот Исток

Од:

Повеќе од 100 Демократи во американскиот Претставнички дом потпишаа писмо во кое го отфрлаат мировниот план за Блискиот исток на претседателот Доналд Трамп, познат како „договор на векот“. Членовите на Демократската партија оценија дека планот „подеднакво ќе наштети и на Израелците и на Палестинците, втурнувајќи ги во поширок конфликт“.

„Тоа ја нема нашата поддршка, а на израелската Влада не смее да и се дозволи да го прекршува меѓународното право со анексирање на сите делови на Западниот Брег“, се посчува во писмото, чии иницијатори се пратениците Алан Ловентал и Енди Левин.

„Покрај исклучително проблематичната природа на вашиот предлог, темпирањето на објавата укажува на мотиви кои не се поврзани со помагање за решавање на израелско-палестинскиот конфликт“ се вели во писмото.

Во декември, Претставничкиот дом донесе резолуција во која се потврдува поддршката за дводржавно решение на палестинско-израелскиот конфликт, што може да се постигне само преку директни преговори, без еднострано анексија на територијата.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија