(ВИДЕО) Битиќи: Ќе воведеме систем кој ќе го мери квалитетот на работата на општините

Од:

Претседателот на комисијата за финансии на СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната трибина Агенда 20-24 посветена на локалната самоуправа истакна дека главна мисија на секоја политичка партија и на сите кои им служат на граѓаните треба да им биде да нудат и да обезбедат квалитетни и брзи услуги на граѓаните.

Битиќи осврнувајќи се на последната фаза на децентрализација, односно на фисклната децентрализација рече дека е уверен дека за СДСМ најважни се интересите на граѓаните.

„Додека не бев дел од Владата имав некоја скепса, сега сум целосно убеден дека нема цена која ќе ги спречи социјалдемократите да зборуваат, да прават реформи и да носат одлуки со цел да обезбедат поквалитетни услуги за граѓаните. Колку тоа и да боли на централно ниво тоа ќе го направат затоа што граѓаните им се на прво место. И тоа сум длабоко убеден и тоа ќе го видите и на следната предизборхна програма“, рече Битиќи.

Битиќи рече дека иако некои мислат дека плановите коишто сака да ги реализира СДСМ во насока на подобрувае на работата на локалната самоуправа се преамбициозни, за што тврди дека не се и дека се реални и потребни за граѓаните.

„Не е преамбициозно туку е нешто што го очекуваат граѓаните и тие очекуваат тоа да го направиме за нив. Го немале досега, но мораме тоа да го направимке. Пари има само треба адекватно да се трошат за потребите на граѓаните“, рече Битиќи.

Во однос на фискалната децентрализација Битиќи вели дека треба да се оди чекор напред. Тој смета дека процентот од ДДВ којшто го добиваат општините треба да се зголеми, но тоа да оди етапно како што општините преземаат надлежности и како што ги зголемуваат услугите за граѓаните.

Битиќи кажа дека мора да постои систем преку којшто ќе се мери работата на општините, со цел да се утврди колку општините работат квалитетно.

„Ќе воведеме систем дали општините навистина испорачуваат тоа што им е законска надлежност и дали граѓаните се задоволни. Тие ќе добиваат награда како поттик надвор од тоа што е утврденото. Ние сите мора да размислуваме само за интересите на граѓаните, зошто тие се на прво место“, рече Битиќи.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он