Чулев на Пониква се сретна со деца на загинати бранители и со припадници на „Тигрите“

Од:

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска го посети зимското одморалиште на МВР во Поинква каде што се сместени и го минуваат зимскиот одмор децата и семејствата на загинатите бранители.

На средбата тој истакна дека Министерството за внатрешни работи е партнер и поддржувач на здружението и сите негови членови, соопшти МВР.

– Нивната важност и значење за нашата држава не може да се измери, затоа што жртвите кои тие ги дале за татковината доволно говорат за нивната љубов и патриотизам. Ова ме задолжува мене како министер, министерството за внатрешни работи но и сите останати институции да излеземе во пресрет на нивните барања. И секогаш кога има законска можност да направиме се за да одговориме позитивно на нивните потреби, изјави Чулев.

Тој на средбата ја истакна отвореноста и подготвеноста на министерството за поддршка нa семејствата, во насока која тие сметаат дека е потребна, а согласно надлежноста и законските можности на МВР.

Министерот Чулев, во рамките на посетата, се сретна и со припадниците на Единицата за специјални задачи – „Тигар“, кои на Пониква реализираат дел од нивната зимска обука.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он