(ВИДЕО) Коцевски: Сите реформи за подобро фунцкионирање на локалната власт се спроведени од срана на СДСМ

Од:

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски на денешната трибина посветена на состојбите во локалната самоуправа истакна дека СДСМ е голем поддржувач, креатор и спроведувач на реформите во локалната самоуправа.

„Скоро сите реформи во локална самоуправа се носат во време кога СДСМ е на власт. Најважните закони за локална самоуправа се носат со Влада предводена од СДСМ и доколку сега наскоро немаше избори ќе се донесеа уште за што ќе беше потребна промена за 30 до 50 закони“, кажа градоначалникот на Велес.

„Локалната самоуправа е темел на вредност на уставниот поредок. Нема демократија без развиена локална самоуправа и не треба да се третира како паралелна власт на цантралната власт , ниту како конкурентна власт туку како посебна власт”, рече Коцевски.

Коцевски смета дека нашата земја ги нема искористено сите поетенцијали кои се нудат за развој на земјата и дека најголемите работи општините кои треба да ги направат е со закон да нудат квалитетни и брзи услуги за граѓаните.
Коцевски кажа дека претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ го злоупотребила законот за териротијална организација, нудејќи лажни ветувања.

„Се сеќавате како дојдоа на власт во 2006 година со злоупотреба на претходно донесениот закон за територијална организација и со лажно ветување дека кога ќе дојдат на власт ќе го укинат законот и ќе ги вратат претходно укинатите општини. Се сеќавате дека тоа ниту го направија ниту пробаа да го прават, ниту помислија тоа да го прават, тоа им беше само предизборна мамка за да ги излажат граѓаните како што и сега впрочем лажно ветуваат дека ќе го укинат Преспанскиот договор, ќе го поништат потпишаниот договор со Бугарија, но јас верувам дека сега граѓаните се свесни за лажните ветувања и ќе можат се тоа добро да го проценат и да го казнат“, рече Коцевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?