Три лица се повредени, откако се урна покривот на кино во Чешка, а околу 800 лица се евакуирани од трговскиот центар во кој што се наоѓа киното.
Покривот на киното во чешкиот град Плзен на западот од државата се урна денес, при што беа повредени три лица.
Портпаролот на противпожарната единица, Павла Јакубкова изјави дека истрагата е во тек, а власта мислат дека никој не останал под урнатините и покрај тоа што центарот е затворен – пренесе „Франс прес“.
Елена Георгиевска