Сириската армија денеска гранатираше повеќе градови, тврдат активисти, нагласувајќи дека во овие напади и судири меѓу војската и бунтовниците во Сирија загинале најмалку 16 лица.
На видео снимка, која на интернет ја објавиле опозициски активисти во источниот пустински град Деир ал-Зор, се гледа како над станбените згради се издигнува чад, а постојано се слушаат и експлозии.
Активистите тврдат дека биле гранатирани и Холмс, Идлиб и предградие на Дамаск.