Делегација на Русија утре ќе дојде во Турција на разговори со цел да се прекине „агресијата“ на сириската влада и да се спречи хуманитарна катастрофа во регионот на Идлиб, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Тој повтори дека Турција ќе направи се што е потребно за да се спречи хуманитарна трагедија во Идлиб каде што сириските сили предводени од Русија вчера влегоа во стратешки важниот град Саракеб.