Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се стекна со сертификатот за квалитет ISO 9001:2015 со што ја потврди фундаменталната определба да обезбеди услуги соодветни на барањата на потрошувачите преку висок квалитет во системско управување со институцијата, информираат од Регулаторното тело.
-Сертификатот е потврда за квалитетот на работење во Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и претставува патоказ како да ги подобриме услугите со барањата на потрошувачите, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.
Првиот човек на сертификациското тело Интерцерт, Васко Темелкоски посочи дека самиот факт што РКЕ демонстрира свесност за потребата од сертификација, а потоа и со успех ги исполнува пропишаните стандарди, е мотивација за останатите државни институции да го воведат ISO 9001 и со тоа да имаат потврда за стандардизиран квалитет во нивната работа.
-Организациите го користат овој стандард за го докажат квалитетот во нивното работење и да ја демонстрираат способноста постојано да овозможуваат производи и услуги кои се усогласени со барањата на клиентите.ISO 9001 е најкористениот стандард во светот, со повеќе од еден милион организации од над 190 земји кои го имаат имплементирано, посочи Темелкоски.
ISO 9001 е меѓународен стандард кој ги пропишува барањата за системите за управување со квалитет, а сертификатот и сертификацијата овозможуваат организациите да ги организираат процесите, да ја зголемат ефикасноста на управувањето со квалитетот и постојано да се подобруваат.