Шкријељ: Преку покачување на платите се бориме против родовата нееднаквост

Од:

Дополнителната заменичка министерка Шријељ направи паралела помеѓу платите во 2016 година и денес како еден од факторите за дискриминација кои влијаат на родовата еднаквост.

Во 2016 година се уште се чувствуваше влијанието на дискриминацијата во нашето општество.

На пример во текстилната и кожарската индустрија работниците, а во најголем дел работнички беа дискриминирани и иземени.

Во 2016 година примале плата од 7.000 денари, а денес примаат плата од 14.500 денари. Разликата е огромна и очигледна.

Дополнително мерката за субвенционриање на придонеси на компаниите кои ќе ги покачат платите на нивните вработени до 6.000 денари, исто така дава резултати и платите на работниците и работничките растат, истакна Шкријељ.

Преку социјалната реформа успеавме да влиајеме да се подобри положбата на жените во нашата држава. Работиме и на сферата на безбедноста и сигурноста на жените.

Се ратификуваше Истанбулската конвенција против насилство на жените, а денес функционираат и центри кои се сервис да се пријави насилство над жените.

Исто така, во Буџетот за 2020 година се предвидени дополнителни средства за нови 10 сервиси каде може да се пријави насилство над жените со цел да се сузбие овој негативен феномен, додаде Шкријељ.

Би можело да ве интересира

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он