Околу 500.000 граѓани на ЕУ ќе мораат да ги обноват документите за да останат во Велика Британија

Од:

Околу половина милион граѓани на Европска Унија, кои живеат во Велика Британија ќе мора да аплицираат за нов имиграциски статус што им е потребен да останат во Велика Британија по Брегзит.

Владата изврши најголеми промени во контрола на британските граници во последните неколку децении, а по Брегзит имигрантите од ЕУ нема да имаат приоритетен статус во однос на оние од другите земји.

Доколку сакаат да останат во Велика Британија, граѓаните на ЕУ мора да аплицираат за статус на постојан престој до крајот на јуни 2021 година.

Сите граѓани на ЕУ имаат право да аплицираат за тој статус доколку престојуваат во земјата подолго од пет години, а немаат државјанство или можат да аплицираат за статус пред решение, нов вид на имигрантски статус воведен за граѓаните на ЕУ кој им овозможува да живеат и работат во Велика Британија.

Официјалните статистики покажуваат дека околу три милиони граѓани на ЕУ поднеле молба за така наречениот статус на решение односно статус на постојан престој еден вид дозвола од Владата да останат во Велика Британија.

Од досегашните обработени апликации, 58 отсто се со решен статус, а 41 проценти се во статус пред решение.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија