Обвинителството потврди дека полицајци се повикани на распит

Од:

Полициските службеници се повикани да дадат исказ во Обвинителството за организиран криминал и корупција, потврдуваат оттаму за „А1он“. Од Обвинителството велат дека се одземени мобилните телефони на полицајците, а детали за превземените дејствија најавија во текот на утрешниот ден.

„Повикани се во Обвинителството. Одземени им се мобилните телфони. Во моментот располагаме со толку информации“, велат од Обвинителството за „А1он“.

„А1он“ веќе објави дека најмалку четворица високи полициски службеници, според нашите сознанија, се во моментов во Обвинителството. Тие се сомничат за оддавање на службени тајни, документи, снимки од ПИ мерки и нивно објавување по портали.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР