Кремљ денеска соопшти дека систематски ќе им мери температура на учесниците на собири и состаноци на кои е присутен претседателот Владимир Путин како превентивна мерка во борбата против новиот коронавирус.
Тоа е мерка на претпазливост, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, откако пред официјален настан денеска на новинарите им беше измерена температура.
Од почетокот на епидемијата на новиот коронавирус во Кина, Русија презеде серија мерки, меѓу кои и затворање на копнената граница со Кина, долга 4.250 километри.