(ВИДЕО) Димковски во Ресен: Исплатени над 1.6 милијарди денари за субвенции за земјоделците

Од:

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски одржа работен состанок со градоначаникот на општина Ресен, Живко Гошаревски.

На состанокот се разговараше за идните политики за развој на земјоделството со посебен акцент на овоштарството како и за можните локации во Ресен кадешто е планирана изградба на откупно-дистрибутивен центар.

Министерот Димковски воедно информираше дека денеска се исплатија над 391 милиони денари на 9.545 земјоделци кои имаат овошни насади со јаболка, сливи, праски, круши, кајсии, вишни, цреши, јагоди, малини, капини, боровинки, дуњи, мушмули, маслинки, јапонско јаболко, аронија, рибизла, гоџи бери, бадеми и лешници.

На денешната средба со градоначалникот на општина Ресен, се разговараше и за и за објавениот оглас за „ Услуги за модификација на време со авионско засејување“, односно новиот модел за заштита од временски непогоди, кои предизвикаа големи штети врз земјоделските посеви во преспанскиот регион.

Заштитата од град со авионско засејување ќе се спроведува на целата територија на Република Северна Македонија.

Се работи за нов систем за заштита од временски непогоди којшто предвидува контрола на климатските услови преку авионски начин на засејување на облаците, со којшто се постигнува поквалитетна и порационална заштита на земјоделските посеви од град.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие