Франција бара прекин на непријателствата во Идлиб

Од:

Франција денеска го повтори барањето за прекин на непријателствата во сириската провинција Идлиб, додавајќи дека нападите на сириските власти и нивните сојузници се кршење на меѓународното и хуманитарно право.

Сириските владини сили денеска се борат против бунтовниците во обид да го заземат градот Саракеб во северозападната провинција Идлиб за да го вратат последното упориште на бунтовниците, изјавија сведоци и воени набљудувачи.

Идлиб е единствената сириска област во која сè уште се водат борби.

Во 2017 година, во оваа провинција беше отворена зона во која останаа бунтовничките сили и делови од терористички групи кои одбија да се предадат.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица