(ВИДЕО) Велковски: Над 10 милиони евра долгови на граѓаните ќе бидат избришани

Од:

„СДСМ е одговорна партија и презема конкретни мерки за унапредување на животниот стандард на граѓаните.

На вчерашната собраниска седница Собранието го изгласа Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица, предложен од Владата која што е предводена од СДСМ.

Овој Закон заначи решавање на проблемот со старите судски и извршни предмети кој што беа трансферирани кај извршителите и нотарите во 2011 година, како и предметите дадени за наплата на долгови пред извршителите заклучно со 31.12.2017 година.

Со оваа мерка целосно се бришат каматите на долговите и каматите на трошоците во постапката што граѓните ги имаат кон јавните препријатија, основани од општините и државата“, рече Диме Велковски, пратеник на СДСМ.

„На овој начин се бришат над 10 милиони евра долгови на илјадници семејства, пари што сега остануваат во нивните буџети.

Доверителите во државна или јавна сопственост се должни да направат целосен отпис на каматите во рок од 3 месеци од стапувањето на сила на овој закон.

Законот обезбедува исто така репрограмирање на старите долгови, односно на граѓаните им се овозмошува долговите во зависност од нивната висина да ги плаќаат на рати.

Ова се конкретни мерки кој директно го подобруваат и олеснуваат животот на сите граѓани.Граѓаните точно знаат кој работи во нивен, и кој работи во интерес на државата, а исто така граѓаните знаат кој го штити криминалот и кој се грижи за личните и теснопартиски интереси.

Затоа нема дилеми, граѓаните ќе го поддржат Социјалдемократскиот сојуз на наредниве избори на 12ти април.

На 12ти април граѓаните исто така ќе ги поддржат сите политики на Социјалдемократскиот сојуз кој обезбедуваат помали троѓоци и повеќе пари кај сите граѓани“, изјави Диме Велковски, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“