„Луфтханза“ воведува и четврта класа за патниците

Од:

Германскиот авиопревозник „Луфтханза“ наскоро на своите летови ќе нуди четири различни класи.

Покрај првата и бизнис класата, патниците ќе можат да бираат и меѓу две економски класи, во вторникот објавија германските медиуми.

Досегашната економска класа во авионите ќе стане пониска, четврта класа, додека третата ќе се нарекува „Премиум економи“.

Новата поделба ќе се воведе во 2014 година, објави „Луфтханза“.

Следната пролет „Луфтханза“ ќе ги престави новите класи во своите авиони и тогаш ќе почне прилагодувањето на авионите на новиот распоред.

Цената на „Премиум економи“ класата треба да биде поблиску до економската, отколку до бизнис класата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

Политико: Португалија се откажа од купувањето Ф-35 поради Трамп

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Летовите околу Вашингтон одложени поради безбедносните мерки на инаугурацијата

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД