Поранешната прва дама на Чешка би можела да биде назначена за амбасадор

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан како иден амбасадор во Словачка ја гледа поранешната прва дама, Ливија Клаусова, јави дописникот на МИА од Прага.

Министерот за надворешни работи Карел Шварценберг за весникот „Право“ изјави дека тој предлог не му се допаѓа.

– Јас мислам дека амбасадорот треба да биде професионалец, некој кој ја работел таа работа, смета Шварценберг.

Ливија Клаусова, сопруга на Вацлав Клаус, кој во два мандата беше претседател на Чешка, е родена 1943 година во Братислава.

Има завршено надворешна трговија на Универзитетот во Прага, а студирала и на Европскиот институт во Амстердам. Работела во Економскиот институт на Чешката академија на науките и била член на надзорни одбори во повеќе чешки компании.

За време на кампањата за претседателските избори, меѓу кандидатите Милош Земан и Карел Шварценберг, таа јавно го поддржа актуелниот претседател.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица