(ВИДЕО) Митрески: Го донесовме Законот за управување со отпад, се грижиме за животната средина

Од:

„СДСМ е одговорна партија и презема конкретни мерки за заштита на животната средина, а со тоа и заштита на здравјето на граѓаните.

Собранието на вчерашната седница го усвои Законот за управување со отпад, со кој се забранува увозот на отпад кој се користи како извор на енергија.

Како што ветивме пред граѓаните, пратениците на СДСМ и коалицијата го поддржаа ова законско решение, кое е важно во борбата за зачувување на здравата животна средна“, рече Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ.

„Ова законско решение дополнително ќе се надгради преку измени и дополнувања по изборите, со новиот собраниски состав.

Неодговорното однесување на режимот на ВМРО ДПМНЕ цела деценија ја уништуваше природата и здравјето на граѓаните. За нив, 11 години поприоритетно беше да се украдат народните пари преку криминални проекти со чија реализација секојдневно се уништуваше тревник, парк, пешачка зона или дрворед.

ВМРО ДПМНЕ го загрозуваше здравјето на луѓето и животните, но и на самата животна средина преку сомнителното управување со депонијата Дрисла, која конечно е повторно во владение на Град Скопје. Со нелегално издавање на дозволи за управување со отпад, како и со несоодветно складирање и уништување на медицински отпад, ВМРО ДПМНЕ тоа сакаше да го спречи.

За разлика од владеењето на ВМРО ДПМНЕ, во нашата држава, се преземаат вистински мерки за управување со отпадот, вистински мерки за заштита на животната средина.

Како одговорна партија остануваме целосно посветени на системски мерки и решенија кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани“, изјави Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“