Трајковски се пријавил кај Русковска како оштетен сведок во случајот со Меѓународниот сојуз, му се пожали на судијата дека не го викнале за исказ

Од:

Обвинетиот ексградоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, пред воведниот говор пред судот се пожали на намалена концентрација. Посочи дека кусо ќе образложи како ќе се брани во постапката, за потоа да каже дека обвинителниот акт е политички монтиран. Тој тврди дека Општина Гази Баба и тој постапувале законски.

„Не бев спремен за воведен говор, мислев за вината ќе зборуваме. Гледам нови поротници“, рече Трајковски, а адвокатот Страшевски му потшепна.

„Ќе ти истече времето“, алудирајќи на тоа што претходно судијата Ставрев ограничи за 7 минути да го заврши говорот.

Трајковски рече дека сакал да направи поврзување меѓу „Рекет“ и ТНТ. Тој посочи дека бил да се пријави кај Вилма Русковска како оштетен сведок за да даде изјава за парите што оштетениот Ардијан Амзоски му ги дал на Меѓународниот сојуз, но се пожали дека не го викнале.

„Не ме викаат да дадам изјава. Еве, не ме викаат. Сакам да дадам изјава“, рече Трајковски.

Обвинетиот Трајковски е дециден дека пред судот со докази ќе докаже невиност.

„Во оваа судска постапка ќе докажеме дека обвинителниот акт, кој е поднесен од страна на сега обвинетата Катица Јанева, е комплетно политички монтиран и сигурно ќе докажеме дека во таа политичка конструкција има многу фактори. Ова го говорам надоврзуајќи се на обвинителот Бурим Рустеми, кој преку медиумите потенцира дека во ист момент два обвинителни акта не може да опстојат. Ова Обвинителство во 2011 година, кога ги имаше речиси истите докази како и сега, ќе докажеме дека одлучило оти законски сме постапувале, а незаконски постапувал инвеститорот за што ова исто Обвинителство, по спроведената истрага, поднело обвинителен акт до овој Кривичен суд и тој бил прифатен и процесиран со закажани судски рочишта против инвеститорот. Ќе докажеме дека преку конструкција на еден обвинителен акт, веројатно политички мотивиран, се сака да се докаже нешто што е спротивно на законот иако во минатото сите учесници во изградбата потврдија со документација дека со умисла го сториле делото бесправно градење“, рече Трајковски.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска