Со аспирин против рак на дебелото црево

Од:

Дневна доза аспирин превентивно може да помогне на лицата кои имаат генетски предиспозиции за појава на карцином на дебелото црево, утврдија експерти од Институтот за хумана генетика на британскиот Универзитет во Њукасл.

По повеќегодишните истражувања, со кои беа опфатени 1.071 лица, лекарот Џон Бурн, шеф на стручниот тим, изјави дека верува оти аспиринот постигнува одреден ефект во преживувањето на лошите матични клетки во дебелото црево.

Од групата испитаници на одреден број лица им било давано аспирин, додека други добивале плацебо.

По 29 месеци контролните тестови покажале дека нема разлики во степеноа на заболување, но затоа по четири години таа разлика била значајна. Од карцином на дебелото црево заболуваат многу помалку луѓе кои превентивно земале аспирин.

Спротивно од дејството на дебелото црево, аспиринот не би требало да се конзумира за превентивно спречување на срцев или мозочен удар, заклучија експертите од Универзитетот во Единбург.

Тие сметаат дека може да предизвика повеќе штета отколку корист, односно би можело да доведе до внатрешно крварење, што покажало истражувањето со кое биле опфатени 3.350 средовечни лица.

Секојдневното земање аспирин речиси двојно го зголемува ризикот за појава на внатрешно крварење, предупредуваат научниците. Меѓутоа, истакнуваат дека овој лек може да биде ефикасен само кај лицата кои имаат ангина пекторис или имале еден срцев удар.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска