Известувачот на Европскиот парламент за Западен Балкан Тонино Пикула истакна дека ЕУ мора да воспостави јасни критериуми и непроменливи показатели за напредок во текот на целиот пристапен процес.
Пицула, во рамки на дебатата во Комисијата за надворешна политика за новата методологија за пристапување, оцени дека во прашање се конкретни предлози за решавање на недоумици што некои членки на ЕУ ги имаат во врска со продолжувањето на процесот на проширување.
Се надеваме дека презентираната методологија ќе донесе нов импулс во процесот на проширување, како и дека ќе ни овозможи повторно да го воспоставиме кредибилитет во регионот, што го изгубивме со одлуката на Советот да не се отворат преговори со Албанија и Северна Македонија, рече Пицула.
Тој рече дека социјалдемократите во Европскиот парламент отсекогаш инсистирале дека проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е добитна комбинација за „обете страни“ и инвестирање во мир, демократија и просперитет низ цела Европа.
Ако сакаме нашата Унија да биде геополитички влијателна, јасно е дека пред сè и најважно мора да се фокусираме на најблиското соседство, истакна Пикцла.
Тој ја повика ЕУ соодветно да одговори по исполнувањето на условите утврдени во пристапниот процес.
Ги покануваме и државите од Западен Балкан да ни се придружат на Конференцијата за иднината на Европа за да започнат со работа на заедничката иднина“, заклучи Пицула.