Спикерката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, синоќа изјави дека нејзиниот гест со кинење на хартијата, копија од говорот на претседателот Доналд Трамп, бил „најпристојно нешто направено“ за тој говор.
Беше најпристојното нешто направено со оглед на алтернативите, изјави Пелоси синоќа по крајот на обраќањето на Трамп пред Конгресот.
Подоца, кога го напушти Капитол хил, таа за „Политико“ изјави дека гестот бил „манифест на недоверба“.
Конфликтот меѓу Пелоси и Трамп се провлекува уште од моментот кога таа лани во јануари одби да испрати покани до претседателот, за тогашното обраќање на нацијата, се додека Трамп не ја одблокира работата на Владата, и потоа, во септември, со одлуката да се започне конгресна истрага за импичмент на Трамп.
На синоќешното обраќање на нацијата на Трамп, според протоколот, предаде копија од својот говор на спикерката Пелоси, која во текот на обраќањето седи зад него со потпретседателот Мајк Пенс.
При предавањето Пелоси подаде рака на претседателот но овој, нарушувајќи ги традициите, ја одби и не се ракуваше.
Democrats will never stop extending the hand of friendship to get the job done #ForThePeople. We will work to find common ground where we can, but will stand our ground where we cannot. #SOTU pic.twitter.com/ELJqR9q4xD
— Nancy Pelosi (@SpeakerPelosi) February 5, 2020
Дослушувајќи ги заклучните зборови на претседадателот на САД, спикерката стана и демонстративно ги скина страниците ставени пред неа.
Како што стана јасно потоа, целото време Пелоси читаше од печатената верзија на говорот на Трамп.
Обраќањето на Трамп го истакна длабокиот партиски раскол меѓу демократите и републиканците.
Демократите не беа задоволни од многу делови на говорот, како на пример тврдењата за успесите во здравствената заштита со укинување на историјата на болести и намалените трошоци за здравствено осигурување, политики реализирани за време на претходникот Барак Обама.