Командата на Воената морнарица на НАТО, во Средоземното море на островот Нисида кај Неапол, од вчера е затворена.
Базата по 40-годишен престој, чии припадници учествуваа во Заливските и војните во Југославија, се сели во Нортвуд, Велика Британија, во рамките на прегрупирање на воените сили на НАТО во Европа.
Во базата на островот Нисида, на југот од Италија беа вработени околу 180 воени лица, од 19 држава.
На островот се наоѓа и затвор за малолетници, а сега веќе поранешните објекти на НАТО се уште немаат никаква намена.
Елена Георгиевска