Трговската размена на земјава лани 16,6 милијарди долари

Од:

Вкупно 16.657.855.000 американски долари изнесува трговската размена на земјава за периодот јануари – декември 2019 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Вредноста на извозот е 7.187.566.000 долари и бележи раст од четири отсто во однос на истиот период во 2018 година, додека вредноста на увeзената стока е 9.470.289.000 долари што е зголемување од 4,6 отсто.

Трговскиот дефицит во периодот јануари – декември 2019 година е 2.282.723.000 долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот.

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Во периодот јануари – декември 2019 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Намален прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун