(ВИДЕО) Експерти од трибината „Агенда 20-24 – Отворена власт”: Професионалното новинарство може да помогне во борбата против дезинформациите

Од:

Младите демократии се многу поранливи на негативни последици на дезинформации и како резултат на тоа се поларизира јавното мислење, оцени на трибината Агенда 20-24 на тема Отворена власт, Снежана Трпевска, комуниколог, истражувач од институтот РЕСИС.

Таа се осврна на истражување направено од Агенцијата за медиумски услуги за развојни трендови на медиумската писменост, навики и критики на граѓаните.

Според истражувањето главен извор на информирање е телевизијата, пред се за повозрасните, додека за лицата на возраст од 16-29 години главен извори се линкови и постови на нивни пријатели на социјалните мрежи, но многу важно е и усното прекажување, кога има недоверба во традиционалните медиуми.

Трпеска смета дека образованието треба да ја развива критичката мисла, бидејќи телевизиите и порталите за едни исти настани известуваат дијаметрално спротивно.

„Само професионално новинарство може да помогне во борбата против дезинформациите“, смета Трпевска.

Филип Стојановски од „Метаморфозис“ нагласи дека важни се и внатрешните механизми за мониторирање на транспарентноста, да се следи достапноста на објавеното и исполнетото.

За итните реформски приоритети како што е МТВ, владиното рекламирање, пристапот до информации и Законот за навреда и клевета, Стојановски оцени дека има ситуации кадешто има значителен напредок, некаде нема, а некаде пак има контроверзии. Како пример го посочи Јавниот сервис кадешто според Стојановски има многу опструкции во воведувањето на реформите.

„Граѓаните го гледаат резултатот, но не го гледаат процесот и затоа сите реформи мора да се спроведат за да има максимален ефект”, рече Стојановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски