Енергетската заедница препорача РКЕ да се стекне со статус набљудувач во ACER

Од:

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) доби писмо од Секретаријатот на Енергетската заедница (ЕЗ) во кое директорот Јанез Копач го извести претседателот Марко Бислимоски, дека ЕЗ дава позитивно мислење РКЕ да се стекне со статус набљудувач во Aгенцијата за соработка на енергетските регулатори (ACER – Agency for the Cooperation of Energy Regulators) затоа што ги има исполнето обврските и условите од Третиот енергетски пакет.

Во анализата доставена од ЕЗ до ACER се нотира дека „РКЕ ја докажа способноста и посветеноста кон развивањето регулаторни правила под притисок и со висок квалитет и покажа целосна сопственост врз процесите и го искористи својот независен статус даден согласно законот. Регулаторот покажа подготвеност и способност да се спротивстави на потенцијалните влијанија врз независноста што му се дадени според законот и да ја одбрани својата автономија. РКЕ покажа највисока експертиза, стандарди и посветеност за навремено развивање на регулаторните правила како што се бара според Законот за енергетика и воспостави напреден пазарен модел со висок степен на пазарна ориентација. Според тоа, подготовката на регулаторните акти во секторот на електричната енергија може да се смета за завршена“.

-Писмото е потврда дека се што направи РКЕ во изминатите две години е верификувано од страна на ЕЗ. Во писмото е наведено дека РКЕ и де јуре и де факто ги исполнува критериумите на европското законодавство во однос на енергетиката. Во писмото на повеќе наврати се констатира дека сме покажале високо ниво на експертиза, стандарди и посветеност во однос на имплементирање на Третиот енергетски пакет во нашата земја, рече Бислимоски на денешната прес-конференција.

Тоа, како што посочи, практично значи дека РКЕ е на исто ниво како и регулаторните комисии за енергетика во сите земји-членки на Европската Унија.

-Секретаријатот на ЕЗ констатира дека во однос на заштитата на потрошувачите сме прво регулаторно тело во регионот кое воведе веб-алатка на која сите потрошувачи можат да ги споредат понудите на електрична енергија од страна на снабдувачите. Препораката од ЕЗ е испратена и до ACER со седиште во Љубљана, кое е здружение на европските регулаторни тела на ЕУ формирано со посебна ртрегуатива, а не на доброволна основа. Со дописот се препорачува РКЕ да стане набљудувач во ACER што значи дека ги имаме истите права и обврски како сите земји-членки на ЕУ, единствено ќе немаме право на глас. Со тоа нашите вработени и експерти од РКЕ рамнопрвано ќе можат да учествуваат во сите работни групи кои функционираат во ACER, рече Бислимоски.

Верувам, додаде, дека и во рамките на ACER во наредниот период ќе покажеме дека сме регулаторно тело кое работи транспарентно и независно што веќе го констатира и Секретаријатот на ЕЗ во писмото.

-Кога ќе започнат преговоротие со ЕУ за поглавјето енергетика верувам дека најмалку работа ќе имаме во делот на регулаторната рамка што се однесува на нашата институција, бидејќи веќе добивме доказ дека сето тоа е имплементирано од наша страна, потенцира Бислимоски.

ACER е тело формирано од Европската Унија со мисија да им помага на националните регулаторни тела во извршувањето на нивната регулаторна функција на европско ниво и доколку е потребно, ја координираат нивната работа. Во него членуваат регулаторните тела за енергетика на ЕУ. Со статусот набљудувач можат да го стекнат земји што не се членки на ЕУ, ако ги задоволуваат критериумите поставени од страна на ЕЗ, а нашата земја по Црна Гора е втора во регионот што добива позитивно мислење за земја набљудувач.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Цената на струјата за најголемиот дел од потрошувачите од домаќинствата поскапува за 0,5 отсто

Горан Наумовски

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

A1on

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

A1on

РКЕ: Неточни се наводите на професорот Трајковски дека мрежарината ги зголемува сметките

A1on

Професор Трајковски: Фиксната мрежарина ги прави сметките поголеми при сите нивоа на потрошувачка

A1on

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

A1on